Вечерва се играат натпреварите од првото коло во Лигата на шампиони, а еден од најинтересните натпревари се игра во Мадрид, каде Реал ја пречекува Рома.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Актуелниот шампион трката за одбрана на титулата ќе ја започне против минатогодишниот полуфиналист, а тренерот Лопетеги го изведе на терен најсилниот тим.
Од друга страна Ди Франческо направи големо изненадување и во стартниот тим го стави 19-годошниот Николо Заниоло, кој ова лето пристина од редовите на Интер и се уште нема официјален меч во сениорска конкуренција.
Официјални состави:
Реал Мадрид: Навас, Карвахал, Рамос, Варан, Марсело, Каземиро, Модриќ, Крос, Иско, Бензема, Бејл.
Рома: Олсен, Флоренци, Манолас, Фацио, Коларов, Нзонзи, Де Роси, Заниоло, Ел Шарави, Ундер, Џеко.