Дома Фудбал Откриено што му кажал Игуаин на судијата!

Откриено што му кажал Игуаин на судијата!

Напаѓачот на Милан, Гонзало Игуаин синоќа доби црвен картон поради протест кон судијата во дербито против Јувентус.

Денес италијанските медиуми открија што точно му кажал напаѓачот на судијата Мацолени.

„Секогаш ми свириш фалови само мене“, му повторил Игуаин неколку пати на судијата.

Најверојатно на судијата не му се допаднал тонот на Игуаин и неговото приближување до него, па му даде втор жолт картон и го прати на туширање.

Игуаин после мечот се извини за неговото однесување и црвениот картон.

„Се извинувам на сите, соиграчите, тренерот, навивачите и судијата кој добро знае што му кажав. Мислам дека судиите понекогаш треба да ги разберат емоциите на фудбалерите во одредени моменти. Не требаше тоа да го направам. Ја прифаќам одгворноста, погрешив и знам дека вакво нешто не смее да ми се повтори“, изјави Игуаин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Даглас Луиз блесна кога му беше најпотребно на Јувентус!

Со асистенција за Мекени и својот прв гол за клубот, Даглас Луиз го предводеше Јувентус до…