Дома Фудбал Англија Откриено: Роналдо е причината за конфликтот меѓу Мурињо и раководството на Јунајтед

Откриено: Роналдо е причината за конфликтот меѓу Мурињо и раководството на Јунајтед

Жозе Мурињо лошо ја започна новата сезона со Манчестер Јунајтед, а во англиските медиуми се повеќе се зборува за неговиот конфликт со лидерите на клубот.

Англиските медиуми веќе подолго време посочуваат на „тивка војна“ помеѓу Мурињо и раководството, зошто не му обезбедиле пари за силни засилувања за Јунајтед да биде конкурентен на сите три фронта.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Специјалниот“ имаше листа на играчи кои сакаше да ги доведе во Јунајтед ова лето, но откако раководството не му ги исполни желбите тој јавно ги искритикува.

Реномираниот „Би-Би-Си“ денес ја откри главната причина за конфликтот. Имено, раководството на клубот сакало да го донесе Кристиано Роналдо на „Олф Трафорд“, на што Мурињо се спротиставил.

Мурињо во стартот бил против ангажирањето на Роналдо, зашто немал добра соработка со него во Реал Мадрид и очекувал други засилувања. Тоа било почетокот на големите несогласувања и конфликтот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…