Дома Фудбал Англија Откриени меилови: Вест Хем НЕ сака Африканци во тимот!

Откриени меилови: Вест Хем НЕ сака Африканци во тимот!

west ham

Раководството на Вест Хем се најде во центарот на најновиот скандал во Англија.

Имено, „Дејли Мејл“ успеа да дојде до меиловите на англискиот клуб во кој се разговара за потенцијалните засилувања.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


На 27 јануари бил испратен меил од претседателот на Вест Хем, Тони Хенри до негов сонародник во кој потенцира дека не сака афрички фудбалери во тимот.

„Не ми требаат нови афрички фудбалери, а тој не е ниту доволно добар. Го испратив Томас да го глед и не беше задоволен. Ако Палас го доведе, нека им е со среќа. Мени ми е доста“, гласела пораката од Хенри.

Според „Дејли Мејл“ Хенри испрати слични пораки на менаџерите ширум светот, а на прашањето на новинарите дали тоа е некоја нова клупска политика одговори:

„Да. Имавме тројца проблематични фудбалери од Африка во тимот. Да разјаснам, ова нема никаква со расизмот, само сметаме дека тие носат немири во тимот. Имавме навистина многу проблеми со Диафра Сако, но за среќа тој си замина. Ние никого не дискримнираме. Еве, ни нудат некои руски играчи, но јас не ги сакам бидејќи тие тешко се прилагодуваат на англискиот живот, како и Италијаните. Кога имате повеќе Африканци во тимот тие се здржуваат и настанува хаос. Кога не играат само бараат нови договори. Не значи дека такви проблеми нема и со англиските фудбалери, но со нив се многу почести“, одговори Хенри.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…