Дома Топ вести Откриени детали – Двојна круна за Барса, а на прославата и најлошата можна вест!

Откриени детали – Двојна круна за Барса, а на прославата и најлошата можна вест!

Капитенот на Барселона, Андрес Иниеста потврди дека веќе ја донел одлука за продолжување на својата кариера, а сите знаат дека одлучи да се пресели во Кина.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иниеста постигна договор со кинески Тјанџин Кванжан, со кој ќе потпише договор на три години и ќе заработи 37 милиони евра.

Сепак, Иниеста не сака да ја стави својата лична одлука пред тимот и ќе го чека финалето на Кралскиот куп за официјално да ја соопшти својата одлука.

Имено, Иниеста сака да и помогне на екипата на 21. април да го освои Кралскиот куп четврти пат по ред, а до тогаш и првенството ќе биде решено, бидејќи на Барса и треба уште седум бодови да ја завери титулата.

Тоа значи, доколку Барса ја освои дуплата круна, на прославата навивачите би морале да се соочат со болната вистина и заминувањето на капитенот после две децении.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Заборавена ѕвезда на Ливерпул по 834 дена го напушта клубот: Доаѓа крај на една тажна приказна!

Стефан Бајчетиќ е пред излезни врати од Ливерпул по период во кој неговата кариера на Енфи…