Реал Мадрид долго го посакуваше Азар и за неговиот потпис издвои 100 милиони евра, но Белгиецот до денес не ги оправда очекувањата на „Сантиаго Бернабеу“.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Најголема причина за тоа се повредите, поради кои Азар никако не може да има континуитет и да ја врати препознатливата форма.
Лекарот на националниот тим на Белгија, Крис ван Кромбруж смета дека причина за честите повреди е притисокот во Реал.
„Во Реал Мадрид тој е поставен под голем притисок и тој стрес може да се пренесе во мускулен притисок, што доведува до повреди. Еден прави се што е во негова моќ да ги лекува повредите што побрзо и така дополнително си создава притосок врз самиот себе“, изјави белгискиот доктор.