Откако Газиантеп се откажа од турската Суперлига поради страшниот земјотрес кој ја погоди оваа земја, македонскиот младински репрезентативец, Лука Станковски ќе ја промени средината.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Станковски кариерата ќе ја продолжи во редовите на Горица од Словенија. Македонскиот фудбалер поради двата слободни денови имаше среќа за време на земјотресот да биде во Скопје (ТУКА).
Градот по земјотресот е скоро целосно срушен, па затоа и на никој не му е до фудбал и откажувањето од првенството до некаде можеше да се чекува.
Во Горица Станковски ќе се обиде да помогне клубот да опстане во првата лига. Ќе потсетиме во Газиантеп пристигна минатат зима за сума од 600.000 евра.
Инаку Горица во минатото е четирикратен словенечки шампион, меѓутоа сезонава резултатите не се како што се очекуваше па тимот се бори за опстанок.