Фудбалерите на Барселона вчера можеа да имаат +10 на врвот во Ла Лига, но Алмерија ги изненади, па Реал по ова коло во Шпанија ќе биде одалечен седум бода од Каталонците.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Меѓутоа освен поразот од Алмерија, Барселона доби и нови лоши вести, а тоа е повреда на Роберт Левандовски. Полјакот се повредил во овој натпревар и го чека пауза од околу две недели.
Повредата за Левандовски доаѓа во најлош можен момент, Барса во четврток гостува во Мадрид, а потоа дома ќе игра против Валенсија. Против Валенсија, Чави нема да ги има ниту суспендираните Рафиња и Феран Торес. Потоа следи гостување кај Атлетик Билбао на 12-ти март.
Во Барселона се надеваат дека Левандовски ќе се опорави до „Ел Класико“ кое се игра на 12-ти март. Ако Левандовски не биде спремен, Чави ќе биде во проблем затоа што до тогаш ќе биде и без Педри и Дембеле.
Накратко, Барселона во Мадрид ќе биде без Левандовски, Дембеле и Педри, а против Валенсија ќе ги нема уште Рафиња и Гави…Сето ова доаѓа кога Каталонците зад себе имаат два врзани порази.