Дома Фудбал Останато Озил доделува две влезници за Арсенал – постои еден услов!

Озил доделува две влезници за Арсенал – постои еден услов!

Фудбалерот на Арсенал смисли интересна идеја додека поради пандемијата од коронавирусот се е стопирано.

Луѓето ширум светот повикуваат да се седи дома за да се спречи ширењето на коронавирусот со цел да се продолжи нормално да се живее, а во таа кампања се приклучи и Озил.

Озил смисли план со кој ќе одведе двајца фанови на „Емирати“.

Се што треба да направите е дома да се фотографирате со неговиот дрес и да ја споделите на социјалните мрежи.

„Сопствениците на двете фотографии кои најмногу ќе му се допаднат на Озил ќе добијат влезници за натпревар на Арсенал“, порача Озил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Клоп и Јовановиќ во вербален дуел, но со почит на крајот

Германија и Грција одиграа без голови во Лигата на нации, а Клоп и Јовановиќ имаа интересе…