Офанзивниот играч од средниот ред на Арсенал, Месут Озил и уште двајца играчи на Арсенал одбиле намалување на платите, објави клубот од „Емирати“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Од таборот на Арсенал во вчерашниот ден соопштија дека речиси сите во клубот се согласиле на играчите, тренерите и целиот стручен штаб да им бидат намалени платите за 12% во следните 12 месеци.
Еден од оние кои цврсто се спротивставиле на ваквиот предлог на управата на Арсенал бил Месут Озил кој е најплатениот фудбалер на клубот со заработка од 400.000 фунти неделна плата.
Не е познато кој се останатите двајца играчи кои одбиле кратење на приходот. Овој потег дополнително го налутил Микел Артета кој летово најверојатно ќе се ослободи од Озил и од уште неколкумина првотимци на „топџиите“.
Озил е еден од најплатените фудбалери во Премиер лигата, па ваквиот негов потег предизвика револт во јавноста и ги налути Англичаните.