Дома Останати Кошарка НБА Одлични Визардси за трет пораз во низа на Лејкерси, Дончиќ и Хардвеј го водеа Далас до победа

Одлични Визардси за трет пораз во низа на Лејкерси, Дончиќ и Хардвеј го водеа Далас до победа

Вашингтон Визардзи изминатата веќер славеа против ЛА Лејкерси во одличен натпревар после продолженија со 127:124.

Визардси одиграа уште еден одличен натпревар и успеаа после голема борба да дојдат до победа против актуелните НБА шампиони.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Од самиот почеток гледавме изедначена кошарка и екипите се менуваа во водството и беше јасно дека не очекува одличен натпревар.

Лејкерси после првото полувреме водеа со 63:49, но Визардси успеаа во продолжение да се вратат во игра и да дојдат до продолжение во кое стигнаа до победата. Продолжението Визардси го добија со 12:9 и така го нанесоа третиот пораз на Лејкерси.

Вашингтон до победата го водеа Бредли Бил со 33 поени, Расел Вестбрук постигна 32 додека кај Лејкерси Леброн беше најефикасен со 31 поени и 13 асистенции.

Далас успеа да слави против Мемфис на свој терен. Најрасположени кај Маверикси беа Хардвеј со 29 поени и четири скока и Лука Дончиќ кој натпреварот го заврши со 21 поиен, седум скока и три асистенции. Морант во редовите на Мемфис беше блиску до дабл-дабл со 22 поени, четири скока и девет асистенции. Треба да се спомнене дека дабл-дабл оствари Валанчиунас со 11 поени и 15 скокови.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Хјустон – Чикаго 100:120, Далас – Мемфис – 102:92, Оклахома – Мајами 94:108, Феникс – Портланд 132:100, Јута – Шарлот 132:110, Лејкерси – Вашингтон 124:127 (пп).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…