Добри вести пристигнуваат кога е во прашање нашиот репрезентативец капитен, Горан Пандев.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според последните информации од Италија по вчерашната забрана за настап во националните тимови за играчите од Сасуоло, Фиорентина, Џенова, Интер, Лацио и Рома денеска има нови промени и на крајот таа ќе остане да важи само за фудбалерите на двата клуба од Рим.
Тоа значи дека нема да има проблем и Горан Пандев да пристигне во Македонија и да биде дел од националниот тим во историскиот натпревар против Грузија.
Најголем дел од репрезентативците се веќе со репрезентацијата, а попладнево Горан Пандев заедно со Елиф Елмас и Алиоски пристигнаа во Скопје.