Дома Македонски спорт Одличен почеток: Македонцот Илиевски дебитираше со гол за вицешампионот на Унгарија!

Одличен почеток: Македонцот Илиевски дебитираше со гол за вицешампионот на Унгарија!

Mладинскиот напаѓач на Македонија Марио Илиевски пред два дена потпиша тригодишен договор со унгарскиот вицешампион Кишвардар и уште на стартот најави успешна епизода.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


На денешниот прв натпревар Илиевски го постигна и деби голот со кој донесе победа. Во летните подготовки унгарскиот тим играше против Адмира Вакер од Австрија и овој натпревар го доби со 2:1.

Илиевски победничкиот гол го постигна во второто полувреме во 71. минута од натпреварот. Ќе потсетиме во редовите на Кишвардар Илиевски дојде од екипата на Септември Софија, а потекнува од школата на Вардар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…