Дома Фудбал Лига на шампиони Од ПСЖ грмат: Судењето беше во нивна корист – Рамос играше со рака, Мбапе не беше во офсајд

Од ПСЖ грмат: Судењето беше во нивна корист – Рамос играше со рака, Мбапе не беше во офсајд

Фудбалерите и управата на Пари Сен Жермен не можат да се помират со поразот од Реал Мадрид во 1/8 финалето од Лигата на шампионите (3:1).

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Иако беа подредени во поголемиот дел од натпреварот актуелниот шампион на Европа носи два гола предност на реваншот во Париз.

Тренерот на Пари Сен Жермен, Унаи Емери беше разочаран од судењето во Мадрид.

„Разочаран сум од резултатот, но задоволен сум од ставот и пристапот на екипата. Во првиот дел беше изедначено, први стигнавме до водство, а потоа тие изедначија од сомнителен пенал. Не ми се допадна судењето, многу одлуки беа во нивна корист. Ние не добивме пенал кога Рамос играше со рака“, изјави стратегот на ПСЖ.

Ниту претседателот на клубот Насер Ал Келаифи не штедеше критики за судењето.

„Се уште не сум разговарал со фудбалерите, но сите сме тажни, игравме добро во второто полувреме, а можеме да разговараме и за судијата. Два жолти картони им прости на фудбалерите на Реал, а на Мбапе без потреба му беше досуден офсајд. Против екипа каква што е Реал тоа многу влијае. Не кажувам дека изгубивме поради тоа, но секако имаше големо влијание“, зборуваше Ал Келаифи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Веќе се познати и деталите: Перез ги прифатил сите девет услови на Мурињо!

Веќе беше објавено дека Флорентино Перез ја донесол одлуката за тоа кој тренер ќе ја предв…