Дома Фудбал Англија Од кога Бруно Фернандеш дојде Јунајтед не знае за пораз

Од кога Бруно Фернандеш дојде Јунајтед не знае за пораз

Бруно Фернандеш неодамна стигна на „Олд Трафорд“ и дефинитивно на почетокот ги оправдува очекувањата.

Англискиот гигант во завршницата од преодниот рок го доведе Бруно Фернандеш. Фернандеш и претходно се поврзуваше со Манчестер Јунајтед, а со неговото доаѓање работите на „Олд Трафорд“ тргнаа на подобро.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Имено, „црвените ѓаволи“ од кога дојде Фернандеш одиграа седум натпревари и во тој период запишаа четири победи и три нерешени натпревари. Одлична е и гол-разлика, постигнаа 15, а примија само 2 гола.

Фернандеш на големо учествуваше во постигнатите голови. Погоди и во последниот викенд против Евертон, претходно асистираше и беше стрелец против Вотфорд, еднаш се запиша во листата на стрелци и против Клуб Бриж, беше асистент во победата против Челзи…

Инаку, Фернандеш како 18 годишник замина од Португалија во Италија каде што играше за Новара. Подоцна беше дел од Удинезе и Сампдорија, меѓутоа најдобриот фудбал го играше кога се врати во татковината во редовите на Спортинг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Чави се огласи по најавите дека ќе биде сменет!

Од по натпреваерот против Алмерија во јавноста на големо се пишува за можната смена на Чав…