Дома Фудбал Лига на шампиони Овој холандски новинар денес е предмет на потсмев: Моура не треба да се чува, нема да даде гол (ВИДЕО)

Овој холандски новинар денес е предмет на потсмев: Моура не треба да се чува, нема да даде гол (ВИДЕО)

Фудбалерите на Тотенхем вчера направија чудо во Амстердам и со голем пресврт се пласираа во финалето од Лигата на шампионите.

Ајакс во првиот натпревар победи со 1:0, а вчера во реваншот на полувремето имаше предност од 2:0. Меѓутоа во второто следуваше целосен шок за нив, Тотенхем постигна три гола и победи со 2:3.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Гостите брзо на стартот од второто полувреме со головите на Лукас Моура кој беше херој на Тотенхем изедначија на 2:2. Во последните секунди Бразилецот постигна уште еден гол за негов хет-трик и комплетен пресврт на англискиот тим.

Посебно е интересно што холандските новинари зборуваа токму за него.

Во една емисија пред овој натпревар холандскиот новинар, Валентајн Дриесен изјави дека Моура нема да даде гол за тоа што не е доволно добар.

„Моура можеш да го ставиш пред голот, но од него нема ништо да добиеш. Тој едноставно никогаш не постигнува голови. Него не морате да го чувате, тој не е опасен пред голот“, изјави Дриесен.

Што би кажал денес после хет-трикот на Моура?

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…