Дома Фудбал Овој податок можеби најдобро ја покажува доминацијата на Меси

Овој податок можеби најдобро ја покажува доминацијата на Меси

Лионел Меси сруши бројни рекорди во својата кариера, а се уште не е ниту приближно блиску до крајот на кариерата.

Во последните 15 години од кога дебитираше за Барселона стана клучен играч во каталонскиот тим, освои пет Златни топки и ги преживеа сите промени на тренерската клупа во неговата ера.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден податок не го дава одговорот зошто е тоа така, но дава добра слика за тоа во колкав размер е доминацијата на еден од најдобрите фудбалери во историјата.

Аналитичката куќа „Опта“ се занимава со мерење на статистичкиот учинок на фудбалерите и собира податоци од 2006 година наваму.

Еден од параметрите кои ги пресметуваа беа успешните дриблинзи на фудбалерите. Кога ќе се погледне бројката на успешни дриблинзи во последните 13 години (од почетокот на нивното мерење до денес), Меси е прв и тоа далеку прв.

Аргентинецот е прв со 1880 успешни дриблинзи, дури 660 повеќе од второпласираниот Еден Азар. После нив двајца со 939 доаѓа Франк Рибери, а во топ пет се уште Агуеро со 832 дриблинзи и Кристиано Роналдо со 816.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Генијално додавањена Крос,Реал води во Минхен🎥

Реал Мадрид прв доаѓа во водство во полуфиналниот дуел со  Баерн Минхен по дваесетинаминут…