Дома Фудбал Овие клубови добиле најмногу пенали во Лигата на шампиони!

Овие клубови добиле најмногу пенали во Лигата на шампиони!

Пеналот досуден за Реал Мадрид во 93-та минута против Јувентус крена голема прашина, па реноминираниот портал „Goal.com“ направи интересно класирање.

Имено, направи табела на клубовите кои добиле најмногу пенали во Лигата на шампиони, од сезоната 2003/04 па до сега.

Првото место го делат два клуба, Барселона и Баерн Минхен со 23 постигнати гола од 31 досуден пенал во нивна полза. Реал Мадрид е на третото место со еден пенал поналку – 22 постигнати гола од 30 пенали.

Потоа следуваат три англиски клуба – Арсенал (18 од 24), Челзи (16 од 20) и Манчестер Јунајтед (12 од 17).

Во Топ 10 се уште Порто (12 од 16), Јувентус и Манчестер Сити (11 од 14) и ЦСКА Москва (10 од 14).

Ливерпул, Милан, Атлетико Мадрид, Севиља и Рома исто така имаат по 10 постигнати гола од белата точка во споменатиот период.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи силен дома, Рома без пораз во Серија А: Се подготвува голема битка во Неапол

Рома гостува на „Диего Армандо Марадона“ со само еден пораз во првите десет натпревари сез…