Дома Фудбал Англија Овен: Ова е најлошиот Манчестер во последните неколку децении

Овен: Ова е најлошиот Манчестер во последните неколку децении

Легендарниот англиски напаѓач Мајкл Овен смета дека моменталната генерација на Црвените ѓаволи е најлошата во последните неколку децении.

Манчестер Јунајтед од заминувањето на Фергусон бележи слаби резултати, а се чини дека оваа сезона е најлоша во целиот тој период.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Тимот од Олд Трафорд моментално се наоѓа на 10. позиција во ПЛ со дури 12 бода помалку од водечкиот Ливерпул на самиот почеток на првенството.

Овен, во текот на гостувањето во БТ Спорт беше запрашан дали Јунајтед според квалитетот припаѓа на тим од средината од табелата.

„Да. Манчестер Јунајтед сега е тим од средината на табелата. Лично сметам дека оваа сезона нема да завршат во топ 6.“ – изјави Овен.

„Мислам дека поголема е веројатноста да завршат во првите 10, отколку во последните 10, но самиот факт дека зборуваме за тоа е загрижувачки, зарем не? Ова е најлошиот тим на Манчестер Јунајтед во последните неколку децении.“ – додаде Овен.

Ако го гледаме само регуларниот тек на натпреварот, Манчестер Јунајтед оствари само две победи на последните девет натпревари, па алармот на Олд Трафорд веќе е запален. Некој веројатно наскоро ќе ја плати цената за славите изданија на славниот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Англичаните стравуваат: Кејн се мачи со повреда пред Европското првенство

Напаѓачот на англиската репрезентација и Баерн Минхен Хари Кејн (30) мака мачи со повреда …