Дома Фудбал Останато Оваа сезона го сруши Реал Мадрид, а сега се придружи на украинската војска

Оваа сезона го сруши Реал Мадрид, а сега се придружи на украинската војска

Јуриј Вернидуб, тренерот на молдавскиот шампион Шериф се приклучи на украинската војска откако пред неколку дена најави дека тоа ќе го направи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Вернидуб сезонава со Шериф за кој настапува и македонскиот фудбалер Бобан Николов  се прослави со победата над Реал Мадрид во Лигата на шампионите, а сега ќе помага на својата земја.

„Роден сум во Украина, живеам во Украина и сакам да дадам поддршка за луѓето во Украина кои беа погодени од инвазијата на Русија. Горд сум на луѓето кои ја бранат земјата“, изјави Вернидуб пред неколку дена и додаде:

„Имам жена, две деца, браќа и сестри и м посакувам дравје и оваа војна да не ги допре. Кога ќе стигнам во Молдавија ќе барам да одам кај своето семјество. Ако е потребна моја помош секогаш ќе бидам тука. Тешко е да се зборува во оваа ситуација“, изјави Вернидуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Jaмал за можното спектакуларно засилување за Барса: Го чекаме со раширени раце!

Ламин Јамал зборуваше пред новинарите пред дуелот на Шпанија со Белгија во четвртфиналето …