Дома Македонски спорт Ова се трите сценарија за натпреварот Македонија – Косово

Ова се трите сценарија за натпреварот Македонија – Косово

Денес беше одржан нов состанок на претставниците на УЕФА со генералните секретари на европските фудбалски сојузи.

На состанокот помеѓу останатото се зборуваше за потенцијалното одигрувањето на полуфиналето и финалето во баражот за Европското првенство кое е одложено за 2021 година. Тука секако е и натпреварот помеѓу Македонија и Косово кој требаше да се одигра на 26. март.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според она што го пишуваат медиумите има три опции за одигрување на полуфиналето и финалето.

Првото сценарио е натпреварите да се одиграат во септември и октомври, второто е октомври и ноември и третото само во ноември.

Ќе потсетиме Македонија и Косово треба да играат во Скопје, додека во второто полуфинале се среќаваат Белорусија и Грузија и финалето ќе се игра на теренот на победникот од тој натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Влаховиќ е примарна трансфер цел на Арсенал

Раководството на Јувентус не исклучува продажба на Душан Влаховиќ на крајот на сезоната, п…