Дома Топ вести Ова се термините за полуфиналните натпревари во ЛЕ

Ова се термините за полуфиналните натпревари во ЛЕ

Екипите на Шахтјор и Севиља синоќа обезбедија пласман во полуфиналето на Лига Европа.

Шахтјор го победи Базел со 4:1, а Севиља беше подобра од Волвс со минимални 1:0. Украинскиот тим во полуфиналето ќе игра против Интер, а шпанскиот против Манчестер Јунајтед.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Познати се и термините за овие натпревари. Први на теренот ќе излезат Интер и Шахтјор и тоа во недела од 21 часот. Натпреварот ќе биде одигран во Диселдорф.

Манчестер и Севиља другиот ден во ист термин ќе ги одмерат силите, а натпреварот ќе биде одигран во Келн.

Финалниот дуел е на распоредот на 21. август во Келн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Фудбалерот на Челзи изненади со пораката по голот против Тотенхем

Фудбалерите на Челзи вчера го совладаа тимот на Тотенхем со 2:0 во натпреварот од англиска…