Дома Фудбал Останато Ова е љубов кон клубот: Погледнете како беа дочекани играчите на Ривер после болниот пораз (ВИДЕО)

Ова е љубов кон клубот: Погледнете како беа дочекани играчите на Ривер после болниот пораз (ВИДЕО)

Во саботата тимот на Ривер го доживеа еден од најтешките порази во својата историја. Ривер во финалето на Копа Либертадорес водеше со 1:0 се до 89-тата минута, за потоа во последните минути да прими два гола.

Ривер на болен начин не успеа да го одбрани трофејот во ова натпреварување кој го освои минатата година со триумфот над Бока. Сепак, навивачите покажаа дека и покрај се тие се нивните херои.

Како ретко кој клуб Ривер после ваквиот пораз во Аргентина беше пречекан од повеќе од 7.000 навивачи што е огромна бројка за еден тим кој бил поразен во финалето.

Тренерот Гаљардо беше шокиран од толпата навивачи и побара од своите фудбалери да излезат од автобусот и да им се заблагодарат на навивачите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

За Тотенхем 350 милиони евра не беа доволни: Пристигнува и тандемот „отпишани“ на Челси!

Тотенхем ова лето веќе инвестираше над 350.000.000 евра за засилувања, но клубот од северн…