По осмипат во незаборавната кариера на српскиот спортист Новак Ѓоковиќ, Меѓународната тениска федерација (ИТФ) овековечи уште една сезона од соништата на светскиот „Број 1“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Оваа награда му е доделена на Ѓоковиќ откако годинава освои три од четирите грен слем титули.
До сега освои 24 грен слем титули израмнувајќи се со Маргарет Корт, по седмипат дојде до титулата на АТП финалето и уште еднаш ја завршува годината на светскиот врв.
Во женска конкуренција ИТФ ја избра Арина Сабаленка за најдобра тенисерка на планетата.
ITF World Champion for an 8th time! ⭐️
— ITF (@ITFTennis) December 14, 2023
Adelaide International 🏆@AustralianOpen 🏆@rolandgarros 🏆
Cincinnati 🏆@usopen 🏆
Paris Open 🏆
ATP Finals 🏆 pic.twitter.com/68SJEtVYsN
Белорусинката Сабаленка ја освои првата Грен слем титула на „Австралија опен“, беше вицешампионка на „УС Опен“, а играше и во полуфиналето на „Ролан Гарос“ и „Вимблдон“.
Ѓоковиќ и Сабаленка беа единствените тенисерки кои стигнаа до полуфинале или подобар резултат на сите четири Грен слем турнири во 2023 година.
Раџив Рам и Џо Солсбери по вторпат се избрани за најдобар тим во двојки во машка конкуренција, додека кај жените Сторм Хантер и Елис Мертенс.