Дома Фудбал Ова е понудата што Барса ја испрати за Олмо. Лајпциг веднаш ја одби

Ова е понудата што Барса ја испрати за Олмо. Лајпциг веднаш ја одби

Барселона е во преговори за доведување на Дани Олмо од Лајпциг. Шпанските медиуми пишуваат дека спортскиот директор на клубот Деко одржал состанок со агентите на Дани Олмо, Енди Бара и Хуанмо Лопез и дека Барса испратила официјална понуда до Лајпциг.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Германскиот клуб ја одби, а шпанските медиуми открија каква била понудата.

Лајпциг е подготвен да го продаде Олм за сума од 60 милиони евра, а понудата на Барса не се доближи до тоа како што очекуваа во Германија.

За својот поранешен јуниор, Барса му понуди на Лајпциг 40 милиони евра фиксни и уште можни 20 преку бонуси во зависност од ефектите на Олмо и успехот на клубот.

Во Лајпциг заклучија дека тоа не е понудата на која се надевале, бидејќи сакале поголема загарантирана сума.

Преговорите ќе продолжат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Meси вечерва може да го урне големиот рекорд на Клосе!

По победите во првите дуели, фудбалските репрезентации на Аргентина и Австрија ќе се сооча…