Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ беше запрен во полуфиналето на турнирот од серијата 250 во Женева.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ѓоковиќ во три сета беше поразен од Томаш Махач во меч во кој имаше одлични, но и очајни моменти. На крајот Новак мораше да му пружи рака на расположениот и подобар денес Махач кој со победа од 2:1 се пласираше во финалето.
Но, една сцена посебно ги загрижи фановите на Ѓоковиќ. Камерата која го снимаше одблиску српскиот тенисер го забележа неговото силно тресење на раката додека пиеше вода.
Следен предизвик на Ѓоковиќ е настапот на Ролан Гарос во Париз, меѓутоа формата со која игра не ветува премногу. Ѓоковиќ во актуелната сезона се уште е без освоен трофеј.
— Dečak iz kraja (@Virim_iz_coska) May 24, 2024