Дома Останати Ова би било супер борба: Конор доби предизвик кој веднаш го прифати!

Ова би било супер борба: Конор доби предизвик кој веднаш го прифати!

Aндерсон Силва и Конор Мекгрегор би предизвикале голем интерес од светската публика.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Силва во текот на кариерата се бореше во средна категорија, додека Конор беше во перо, лесна и малку во велтер категорија и двајцата се големи ѕвезди во ММА светот.

Популарниот „Пајак“ нема ништо против борба со Конор и наведе дека тоа би било борба која долго ќе се памети.

„Имам голема почит за спортист каков што е Конор и верувам дека тоа би било супер борба и историски момент кој долго ќе се памети. Ниту тој, ниту јас немаме што да докажуваме на некого и верувам дека УФЦ со организација на оваа борба би ја исполнила желбата на многу фанови на овој спорт. Ќе биде фантастично да излеземе еден против друг и да покажеме што можеме“, изјави Силва.

Силва во неговите славни денови беше непобедлив, а Конор ако судиме по неговата објава на Твитер ја сака оваа борба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

(Видео) Гого Славески го истепа Тељо за нов триумф во БКФЦ

Македонецот Гого Славески забележа нов значаен успех во БКФЦ организацијата (бокс без рака…