Дома Останати Тенис Објавени коефициентите: Ѓоковиќ не е најголем фаворит за Ролан Гарос

Објавени коефициентите: Ѓоковиќ не е најголем фаворит за Ролан Гарос

Нajдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се подготвува за Мастерсот во Рим и Ролан Гарос, а обложувалниците објавија коефициенти за Грен слемот во Париз, а таму Новак не е фаворит.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


За разлика од Србинот, сите негови конкуренти играа во Мадрид. Алкараз мака мачи со подлактицата по шпанската престолнина, а Андреј Рубљов го победи во четвртфиналето, додека Јаник Синер се повлече поради повреда на колкот.

И двајцата сега имаат неизвесност пред продолжението на сезоната и Ролан Гарос, а прашање е дали ќе можат да ги санираат повредите до Рим кој започнува за неколку дена.

Сепак, обложувалниците се уште сметаат дека Алкараз е главен фаворит за титулата во Париз, Новак е втор, Синер трет, а Надал четврти, откако во Мадрид покажа дека се уште може да игра добро и покрај проблемите што ги има со телото и повредите, кога се здрави.

Фаворити за титулата на Ролан Гарос:

Карлос Алкараз 2,75

Новак Ѓоковиќ 3,5

Јаник Синер 4.5

Рафаел Надал 6,5

Каспер Руд – 12

Стефанос Циципас – 12

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓорческа ќе игра против Шпанка во првото коло од квалификациите за Вимблдон

Лина Ѓорческа го дозна името на својата прва противничка во квалификациите за Вимблдон. Ка…