Дома Фудбал Англија Обложувалниците тврдат: Конте е пред отказ во Челзи!

Обложувалниците тврдат: Конте е пред отказ во Челзи!

После неколкуте лоши резултати на Челзи, обложувалниците значително ги намалија квотите за отказ на Антонио Конте.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Моментално квотата за отказ на Конте е 6.00, а некои обложувалници веќе не примаат облози бидејќи се верува дека лош резултат викендов против Лестер ќе значи и отказ за Италијанецот.

Иако е само почеток на сезоната и Конте е врзан со богат договор, воопшто нема да биде чудно доколку Абрамович одлучи да го избрка, бидејќи тоа често се случуваше во минатото.

Русинот веќе 12 години е прв човек на Челзи и е познат по тоа што често ги менува тренерите, а некои од нив како Виљас-Боаш и Сколари останаа на клупата само неколку месеци.

Челзи после Лестер го очекуваат натпревари со Евертон и Мидрлсбро, па медиумите се сигурни дека во овие три натпревари ќе се одлучува судбината на италијанскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Tретпат во низа ист клуб има најмногу финале во финалето на Светското првенство

Атлетико Мадрид немаше успешна претходна сезона во однос на освојување на трофеи, откако б…