Дома Фудбал Обамејанг: Имам незавршена работа во Премиер лигата

Обамејанг: Имам незавршена работа во Премиер лигата

Пјер-Емерик Обамејанг се врати во Премиер лигата и повторно ќе игра во Лондон, овој пат во дресот на Челзи.

„Сините“ летово останаа без Тимо Вернер и Ромелу Лукаку, па го привлекоа Обамејанг од Барселона.

33-годишниот напаѓач потпиша двегодишен договор и не го криеше задоволството што се враќа во Премиер лигата.

„Многу сум среќен. Чест е да се биде дел од овој тим и едвај чекам да започнам. Имам незавршена работа во Премиер лигата, па возбудливо е да се вратам“, изјави Обамејанг.

Челзи плати 12 милиони евра обештетување и му го раскина договорот на Маркос Алонсо, кој сега како слободен агент ќе се пресели во Барселона. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ред Булс го запре Меси: Крај на голгетерската низа и пораз за Интер Мајами

Лионел Меси остана без гол првпат во последните 13 настапи во регуларната сезона на МЛС, а…