Дома Останати Тенис Ноле: Дефинитивно би купил карта за нашиот натпревар со Надал

Ноле: Дефинитивно би купил карта за нашиот натпревар со Надал

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во финалето на Австралија Опен.

Тој во денешното полуфинале го порази Французинот Лукас Пуј со 3:0 во сетови, а после натпреварот порача дека ова му е еден од најдобрите настапи во Мелбурн.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Ова дефинитивно беше еден од најдобрите натпревари кои сум ги одиграл во Мелбурн. Се функционираше. Ова е тежок ден за Лукас, но имаше фантастичен турнир зад себе и не треба да биде разочаран.“

Исто така, србскиот тенисер порача дека и тој би купил карта за финалниот натпревар.

„Дефинитивно би купил карта за тој натпревар. Минатиот пат игравме скоро шест часа, што беше незаборавно искуство за мене. Се надевам дека повторно ќе одиграме добар натпревар.“ – додаде Ноле.

Финалето помеѓу Ѓоковиќ и Надал е на распоредот во недела од 9.30 часот.

Инаку, Ѓоковиќ во досегашниот дел од кариерата шест пати ја освои Австралија Опен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Еве што откажувањето на Алкараз од Ролан Гарос значи за Ѓоковиќ

Во кратки црти – и не премногу, освен што жрепката на Ролан Гарос ќе биде „полесна“ за еде…