Дома Останати Тенис Ноле го прегази Штруф за четвртфинале на Ролан Гарос

Ноле го прегази Штруф за четвртфинале на Ролан Гарос

Новак Ѓоковиќ без поголеми проблеми се пласира во четврфиналето на Ролан Гарос откако претходно славеше победа со 3:0 против Германецот Штруф.

Првиот светски рекет славеше со максимален резултат од 3:0, по сетови 6:3, 6:2, 6:2.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во првиот сет се играше гејм за гејм, па Ноле при резултат 4-3 направи брејк и сетот лесно го донесе до крајот. Во другите два сета противникот освои само четири гејма и Србинот рутински оствари висока победа.

Ѓоковиќ во следната рунда силите ќе ги одмери со победникот од дуелот помеѓу Германецот Александер Зверев и Италијанецот Фабио Фоњини кој е на распоредот денеска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Објавени коефициентите: Ѓоковиќ не е најголем фаворит за Ролан Гарос

Нajдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се подготвува за Мастерсот во Рим и Ролан Гарос, …