Андреа Пирло би можел да има изненадувачки ангажман во Турција. Според последните информации легендарниот Италијнец може да биде нов тренер турскиот клуб Караѓумрук.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Пирло е без ангажман откако си замина од Јувентус кој го водеше во сезоната 2020/2021. Со Јувентус тој го освои Купот и Суперкупот на Италија, додека во првенството заврши на четвртата позиција и се избори за настап во Лигата на шампионите. Во најелитното европско натпреврување беше елиминиран од Порто во осминафиналето.




Тимот на Караѓумрук минатата сезона заврши на осмото место во турското првенство со 57 освоени бодови.