Дома Фудбал Новинарите го налутија Куман: До кога мислите да ме прашувате истото?

Новинарите го налутија Куман: До кога мислите да ме прашувате истото?

Роналд Куман требаше да го најави утрешното дерби во Ла Лига помеѓу Атлетико и Барселона, но новинарите ги интересираше други работи.

Пред се, наводниот лош однос помеѓу Меси и Гризман.

„Ја разбирам реакцијата на Меси (на аеродромот – тука). Луѓето како што е Лео мора да се почитуваат. Новинарите кон него покажаа непочитување после долгиот лет. Помеѓу Меси и Гризман нема никакви проблеми. Морам да бранам Лео затоа што после 15 часа пат беше пречекан од толпа новинари кои поствуваа многу прашања, па и тој е само човек“.

Мислите ли дека Меси ќе замине од Барселона.

„На ова прашање повеќе нема да одговоарам. До кога мислите да ме прашувате истото?“, револтирано одговори Куман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кејн славеше „Златна топка“, па промаши пенал: Милан го урна Интер, Хакими со хет-трик

Баерн остана без победа во германското класико, Милан му го нанесе првиот сезонски пораз н…