Дома Фудбал Новинарите го налутија Зидан: Мајко моја…Пак овие прашања

Новинарите го налутија Зидан: Мајко моја…Пак овие прашања

Oвој период во Реал Мадрид освен тоа што „кралевите“ се пред титула внимание привлекува и ситуацијата со Герет Бејл.

Бејл се однесува понижувачки кон клубот. Велшанецот во натпреварот против Алавес спиеше со маската ставена на очи, додека против Гранада си правеше двоглед.

На денешната прес-конференција Зидан беше запрашан дали двете страни најдобро е Бејл да замине. Французинот го налутија таквите прашања.

„Мајко моја…Пак овие прашања. Мислиме само на натпреварот и тоа е најважно, тоа важи и за Бејл, тој е еден од нас“, гласеше одговорот на Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Де Роси: Рома не нè надигра, пресуди ремек-делото на Кастро

Тренерот на Џенова смета дека неговиот тим долго бил рамноправен на „Олимпико“, но моменто…