Дома Фудбал Англија Новинарите го избраа Салах за играч на сезоната

Новинарите го избраа Салах за играч на сезоната

Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах беше избран за најдобар играч на сезоната во Премиер лигата од страна на новинарите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Египќанецот доби 48% од сите гласови и победи во трката со Кевин Де Брујн и Деклан Рајс.

Салах по вторпат ја освои оваа награда, прв пат ја доби во 2018 година. Минатата сезона Здружението на фудбалски новинари за најдобар го избра дефанзивецот на Манчестер Сити, Рубен Диаш.

Мохамед Салах до сега на 31 натпревар во Премиер лигата постигна 22 гола и 13 асистенции. Во сите натпреварувања има вкупно 30 гола и 14 асистенции на 44 натпревари.

За најдобра фудбалерка е прогласена, Сем Кер од Челси. Австралијката е најдобар стрелец во Супер лигата со 18 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона со трета понуда за Родри

Откако Манчестер Сити ги отфрли првите две понуди на Барселона за Родри, кои беа соодветни…