Дома Фудбал Италија Нови проблеми за Ибрахимовиќ: Повторно се повреди

Нови проблеми за Ибрахимовиќ: Повторно се повреди

Златан Ибрахимовиќ нема среќа со повредите оваа сезона, но веројатно и годините си го прават своето, без раслика што се работи за човек како Ибра.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Швеѓанецот само што се врати на терените се соочи со проблем на настапите за националиот тим и повторноќ е мора да паузира. По враќањето во Милано, прегледите на докторскиот тим на „росонерите“ покажале дека ќе мора да паузира најмалку две недели.

Како што сега стојат работите, Златан најверојатно нема да биде во комбинација за настап за големото дерби со Наполи и средбите со Емполи и Болоња во Серија А.

Исто така нема да игра ниту во двомечот за ЛШ повторно против Наполи затоа што напаѓачот воопшто не беше на списокот на Пиоли за вториот дел од најелитното европско натпреварување.

Иако кај Ибрахимовиќ се уште има желба и мотив да биде на највисоко ниво, сепак тоа што веќе има 41 година, а во октомври ќе наполни 42 веројатно почнува да прави проблем. Ако ситуацијата продолжи вака да се одвива нема да биде изненадување на крајот на сезоната да објави крај на кариерата, без разлика што претходно се пишуваше за понуда од Монца или продолжување на соработката со Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нови проблеми за ѕвездата на Реал: Остана без СП, сега ќе ја „грее“ клупата кај Мурињо?

Трент Александар-Арнолд е предупреден дека неговото место во почетниот состав на Реал Мадр…