Дома Македонски спорт Мак баскет Нови позитивни во репрезентацијата, одложен и дуелот со Естонија

Нови позитивни во репрезентацијата, одложен и дуелот со Естонија

Македонската кошаркарска репрезентација се враќа дома, за Скопје, без да одигра ниту еден од двата предвидени натпревари во Талин.

Во нашата репрезентација имаше тројца  кошаркари со Ковид-19 а на вчерашните тестирања били потврдени нови случари со коронавирусот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ова го потврдија од КФСМ со образложение дека се уште нема конечна одлука за кога се одложени овие два натпревари на Македонија.

„Раководството на нашиот национален тим, и официјално од страна на официјалните лица на ФИБА присутни во Талин е известено дека во овој момент, нашата селекција не е подготвена за натпреварување. И согласно со тоа, одложен е и вториот натпревар на Македонија на турнирот во Талин, оној кој утре вечер, од 19.30 часот, требаше да го одиграме против домаќинот на овој собир, Естонија“, соопшитија од КФСМ.

Многу е веројатно дека мечевите со Италија и со Естонија ќе бидат презакажани за следниот квалификациски „прозорец“ на ФИБА, во февруари, 2022 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Барди: Во Шпанија ме споредуваа и со Меси!

Maкедонскиот репрезентативец Енис Барди кој настапува во дресот на Трабзонспор во интервју…