Дома Останати Кошарка НБА Нови победи за Голден Стејт и Чикаго, дербито за Лејкерси, Денвер и без Јокиќ до триумф 🎥

Нови победи за Голден Стејт и Чикаго, дербито за Лејкерси, Денвер и без Јокиќ до триумф 🎥

Голден Стејт продолжува со одличните натпревари оваа сезона, сега беше победена Минесота со 123:100 во еден од 13. натпревари кои се играа од најсилната кошаркарска лига.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Домаќините ги предводеше Ендрју Вгинс со 35 постигнати поени, меѓутоа најефикасниот играч на натпреварот доаѓаше од поразениот тим. Едвардс имаше одлична шутерска вечер и постигна 48 поени.

И лидерот на Истокот, Чикаго стигна до 11. победа сезонава со резултат 117:107 против Далас. Лука Дончиќ беше блиску до трипл-дабл и го заврши мечот со 20 поени, 10 асистенции и 8 скокови. Најефикасен кај Чикаго беше Лавин со 23 поени, додека кај Далас Порзингис со дабл-дабл учинок уфрли 22 поени и запиша 12 скока.

Ла Лејкерси го пречека тимот на Мајами и успеа да обезбеди важна победа од 120:117 и тоа после едно продолжение. Адебајо со 28 поени беше прв на листата на стрелци, а додаде и 10 скока, додека Монк на спротивната страна беше најзаслужен за победата „езерџиите“ со 27 поени.

Денвер без суспендираниот Никола Јокиќ славеа победа против Индијана со 101:98. Јокиќ го пропушти овој натпревар поради суспензијата од еден натпревар која ја заработи за инцидентот со Морис. Домаќините до победата беа предводени од Бартон со 30 поени, додека кај поразените Брогдон уфрли 25 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Кливленд – Вашингтон 94:97, Орландо – Бруклин 90:123, Бостон – Торонто 104.88, Хјустон – Детроит 104:112, Њујорк Никси – Милвоки 100:112, Чикаго – Далас 117:107, Мемфис – Шарлот 108:118, Њу Орлеанс – Оклахома 100:108, Сан Антонио – Сакраменто 136 – 117, Денвер – Индијана 101:98, Феникс – Портланд 119:109, Голден Стејт – Минесота 123:110, ЛА Лејкерси – Мајами 120:117 (пп).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Барселона најде замена за Ханси Флик

Ханси Флик останува во Барселона до јуни 2028 година, а каталонскиот клуб веќе има план за…