Дома Топ вести Нови детали: Рамос после расправијата со Перез го собрал целиот тим и одржал говор

Нови детали: Рамос после расправијата со Перез го собрал целиот тим и одржал говор

ramos

Вчера мадритски „АС“ излезе со сензационална вест во која пишуваше за жестока расправија помеѓу Серхио Рамос и Флорентино Перез после поразот од Ајакс во Лигата на шампионите.

Според таа информација која набрзо ја потврдија и сите останати познати медиуми во Шпанија Рамос го обвинил Перез за ситуацијата во која се наоѓа тимот и се заканил со заминување.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сега се појавува нова информација за потегот на капитенот на тимот после расправијата со Перез.

Имено, Рамос како капитен ги собрал сите фудбалери на Реал Мадрид и порачал расправијата со претседателот да ја остват зад нив, како и дека сега главна цел на сите мора да биде да го извлечат Реал од ситуацијата во која се наоѓа.

Рамос побарал од сите играчи да имаат почит кон Сантијаго Солари и одлуките кои ги носи, посебно кога зборувал на оваа тема се задржал кај Иско кој веќе некое време е во конфликт со Солари. Капитенот пред целиот тим отворено му замерил на Иско што во вторникот против Ајакс не се појавил на трибините на „Сантијаго Бернабеу“ (не беше повикан за натпреварот).

За крај Рамос истакнал дека е важно да играат до крај и да ја завршат колку што е можно подобро оваа сезона која е за заборав. Според информациите, Иско позитивно реагирал на овој говор на Рамос, а подоцна и им се извинил на соиграчите.

Се наведува и дека на овој состанок присуствувале само играчите и тренерот, немало ниту еден член од раководството на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…