Дома Останати Кошарка Нови детали за трагедијата со Коби: Потврдена една од причините од за падот на хеликоптерот

Нови детали за трагедијата со Коби: Потврдена една од причините од за падот на хеликоптерот

Додека истрагата се обидува да ги утврди сите детали за трагедијата во која животот го загуби Коби Брајант, нови информации од извори блиски на властите во Калифорнија испливаа на површина.

Ќе потсетиме во голема хеликоптерска несреќа на 26. јануари оваа година животот го загуби кошаркарската легенда Коби Брајант, неговата 13 годишна ќерка и уште седум лица вклучувајќи го и пилотот Ара Зорбјан.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Скоро пет месеци подоцна објавени се нови детали за причините за оваа трагедија, а тие покажаа дека пилотот бил дезиорентиран во моментот на падот на хеликоптерот.

Истрагата покажа дека Зорбајн во разговорот си контролорот на летот кажал дека се качува на висина од 1220 метри за да дојде над облаците, а всушност во тој момент веќе паѓал кон земјата.

Во извештајот на Националниот одбор за безбедност стои дека пилотот веројатно лошо го проценил летот што може да се случи ако стане дезиорентиран поради слабата видливост.

Со ова се потврдени теориите на некои експерти кои уште на почетокот тврдеа дека една од причините е токму дезиорентацијата на пилотот.

Засега ова е наведено како една од причините, додека конечниот заклучок се уште го нема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Дончиќ: Коленото ми беше полошо, не можев и да дишам…

Лука Дончиќ го водеше Далас до нова победа победа против Клиперс со која Мавс го вратија в…