Дома Фудбал Италија Нови детали за скандалот во Јувенус: Објавена порака на капитенот Киелини

Нови детали за скандалот во Јувенус: Објавена порака на капитенот Киелини

Во Италија неколку дена е актуелен скандалот во Јувентус во кој се обвинети раководните луѓе на клубот, наводно го лажирале финансискиот извештај. Денес се објавени нови детали.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Ла Република“ објави комуникација на „ВатсАп“ во која биле вклучени фудбалерите на Јувентус, а најмногу се истакнува пораката на капитенот Џорџо Киелини кој сега игра во МЛС лигата.

Тогашниот капитен на Јувентус им дал ветување дека ќе разговара со претседателот за објавеното намалување на плати, а додал и до тој негов разговор побарал никој да не зборува со медиумите на таа тема.

„Нема за што да се грижите. Ќе одам кај претседателот, ќе разговараме ќе потпише гаранција“, гласела една од пораките на искусниот дефанзивец.

Ќе потсетиме, кога започна кризата во март 2020 година Јувентус објави дека фудбалерите се откажале од четири месечни плати, меѓутоа според најновите информации тие не добиле само една плата. Останатите пари за кои официјално стоело дека нема да ги добијат биле исплатени тајно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нешто невидено досега во фудбалот му се случи на Нејмар: Судјата сам го замени среде натпревар!

Денес, Нејмар го одигра веројатно својот последен натпревар во дресот на Сантос. Овој слав…