Дома Останати Тенис Новак Ѓоковиќ изедначи рекорд на Моника Селеш, а традицијата вели – и ќе освои нов грен-слем трофеј!

Новак Ѓоковиќ изедначи рекорд на Моника Селеш, а традицијата вели – и ќе освои нов грен-слем трофеј!

Новак Ѓоковиќ со денешната победа против Американецот, Тејлор Фрица од 3:1 во сетови се пласираше во полуфиналето на Австралија Опен каде што и оваа година е најголем фаворит за титулата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


За Ѓоковиќ денешниот триумф против тенисерот од САД беше 33-ти во низа во Мелбурн и така го изедначи рекордот кој го постави Моника Селеш пред повеќео д три децении.

Кога е Ѓоковиќ во прашање треба да се каже и дека традицијата за освојување на овој грен-слем е на негова страна бидејќи секогаш кога играл полуфинале и го освојувал турнирот.

Досега во кариерата Новак освои рекордни 10 титули на еден од најголемите грен-слем турнири, а вкупно е на бројката од 24 што исто така е рекорд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Толку од рекордот на Ѓоковиќ: Синер е страшен, ги руши сите граници!

Јаник Синер без многу напор стигна до полуфиналето на Мастерс турнирот во Рим. Зошто пробл…