Дома Фудбал Нова пикантерија на шпанските медиуми: Меси го исмејувал Роналдо!

Нова пикантерија на шпанските медиуми: Меси го исмејувал Роналдо!

Како што пишуваат шпанските медиуми Меси и екипата добро се забавувале гледајќи го натпреварот помеѓу АПОЕЛ и Реал Мадрид.

Меси и Роналдо секогаш се обидуваат да го одржат имиџот на здраво ривалоство, но медиумите во Шпанија често пати успеваат да пронајдат ситни детали.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Така беше и овој пат. Имено, фудбалерите на Барселона во хотелот во Торино каде што биле сместени го следеле натпреварот на Реал Мадрид против кипарски АПОЕЛ и наводно уживале и гласно се смееле гледајќи ја првата ѕвезда на „кралевите“, Кристиано Роналдо како ги прославува погодоците.

Кристиано Роналдо бурно, можеби и претерано ги прослави новите два погодоци што било причина за неговиот најголем ривал да се шегува на негова сметка.

Иако Роналдо беше стрелец на петиот и шестиот погодок во натпреварот против АПОЕЛ ги прослави како во прашање да е финале во Лигата на шампионите.

Сепак причина за бурното славје на Роналдо можеби е тоа што со двата постигнати погодоци успеа да собори и два рекорда во ова натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ВИДЕО Навивачите истрчаа на теренот и започнаа лудо славје. Потоа останаа шокирани со гол во 95-та

Голема борба за влез во првата лига се води во Холандија. Враќање во елитното друштво обез…