Дома Фудбал Англија Нова епизода од сапуницата: Погба и Мурињо повторно се скараа!

Нова епизода од сапуницата: Погба и Мурињо повторно се скараа!

Односите помеѓу Жозе Мурињо и Пол Погба веќе подолго време се затегнати, а медиумите тврдат дека во последните неколку дена повторно избила нова расправија помеѓу нив.

Според англиските медиуми Мурињо остро го искритикувал Французинот во соблекувалната поради грешката која ја направи при израмнувачкиот гол на Вулверхемптон. Тогаш Погба ја загуби топката на својата половина, а потоа Мутињо го израмни резултатот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Погба потоа одговори со тоа што јавно ја критикуваше тактиката на Мурињо. Французинот изјави дека Манчестер Јунајтед треба повеќе да напаѓа и дека не може да објасни зошто тоа не се случува.

Новиот конфликт помеѓу нив двајцата води до до заминување на Погба од Манчестер, а „Тутотспорт“ пишува дека тој веќе работи на неговото враќање во Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ни Конте, ни Лопетеги: Милан го избра новиот тренер

Милан е во потрага по нов тренер откако стана јасно дека на крајот на сезоната ќе се разде…