Дома Фудбал Италија Нов удар за Милан: Томори мора на операција

Нов удар за Милан: Томори мора на операција

Милан оваа сезона навистина нема среќа со повредите, а синоќа се повреди и еден од најдобрите фудбалери на „росонерите“ оваа сезона Факијо Томори.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Томори предвреме го заврши мечот со Џенова, а денес лекарските прегледи покажаа дека има оштетување на менискусот на коленото.

Дефанзивецот уште денес ќе биде опериран, а се очекува потоа Милан да соопшти колку време ќе паузира.

Ова е лоша вест за Милан, кој има голем проблем со повредени фудбалери, особено во одбраната.

Сезоната за Симон Кјаер е завршена, а Ромањоли е позитивен на Ковид, па се очекува Милан сигурно да интервенира на трансфер пазарот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барселона се насочува кон талент од Бриж

Барселона работи на уште еден влезен трансфер освен очекуваното ангажирање на крилото на Б…