Дома Фудбал Нов „случај Ескобар“: Колумбиски репрезентативец добива смртни закани

Нов „случај Ескобар“: Колумбиски репрезентативец добива смртни закани

Колумбија го загуби првиот меч на Мундијалот од Јапонија, а трагичар беше Карлос Санчез кој направи пенал и заработи црвен картон во 3-та минута.

Санчез сакајќи да спречи гол, играше со рака, а поради тоа доби исклучување уште во третата минута, што на крајот се покажа како клучен детал за поразот на Колумбија.

Медиумите пренесуваат дека Санчез добивал смртни закани преку социјалните мрежи, по што и колумбиските власти морале да се вклучат во истрагата и да ги следат пораките кои ги добива репрезентативецот.

Оваа ситуација со Санчез потсети на тоа што се случи пред 24 години на Мундијалот во САД, кога Андрес Ескобар си постигна автогол, а потоа беше убиен веднаш по враќањето во својата земја, поточно на 2-ри јули 1994 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Малески бара крај на голгетерскиот пост во завршницата од Лигата на нации

Напаѓачот на Струга верува дека Македонија може да ја прекине серијата без гол и без побед…