Дома Фудбал Италија Нов скандал во Италија: Фановите на Лацио со расистички скандирања за Бакајоко (видео)

Нов скандал во Италија: Фановите на Лацио со расистички скандирања за Бакајоко (видео)

Нов расистички скандал ја тресе Серија А откако се појави видео на кое се гледа како навивачите на Лацио расистички го навредуваат играчот на Милан, Тиму Бакајоко.

Се започна после победата на Милан против Лацио, кога Бакајоко пред своите навивачи го подигна дресот на Ачерби, така исмејувајќи ја неговата изјава дека „Лацио е далеку подобар тим од Милан“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тој потег крена голема прашина на Апенините, беше отворен дисциплинска постапка, но Французинот помина само со финансиска казна.

Меѓутоа, го навлече гневот на фановите на Лацио кои на срамен начин го исмеваа и расистички го навредуваа на вчерашниот дуел против Удинезе.

Навивачите на Лацио пееа песна: „Оваа банана е за тебе Бакајоко“ и испуштаа расистички извици.

Со ваквиот потег навивачите ја згрозија цела Италија, но се уште не е познато дали ќе бидат казнети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…