Дома Фудбал Англија Нов кикс на „Црвените ѓаволи“: Со еврогол Свонси ремизираше на гости кај Манчестер Јунајтед (видео)

Нов кикс на „Црвените ѓаволи“: Со еврогол Свонси ремизираше на гости кај Манчестер Јунајтед (видео)

Манчестер Јунајтед киксна во дуелот со Свонси, и тоа на домашен терен, и ремизираше со резултат 1:1, во рамки на 35-то коло од англискиот Премиершип.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Први се заканија гостите преку Љоренте, кој во 41-ва минута шутираше, но Де Геа одлично интервенираше и ја одби топката во корнер. На другата страна само три минути подоцна се закани Лингард, но Фабијански беше сигурен.

Судијата Сварбрик во третата минута од продолжението на првото полувреме покажа на белата точка и досуди пенал за домаќините чиј сигурен реализатор беше Роуни за 1:0.

Свонси не се предаваше и во 79-та минута стигна до изедначувањето. Од слободен удар од 20 метри Де Геа беше матиран од Сигурдсон. Шпанскиот голман не успеа да се мрдне од место.

Овој бод на Свонси им е многу важен во борбата за опстанок, додека Јунајтед пропушти прилика да дојде на третото место од табелата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Романо откри која е „бомбата“ на Перез од 150 милиони евра

гледа како една од најголемите ѕвезди на европскиот фудбал во иднина, пренесуваат странски…