Дома Фудбал Англија Ништо од Арапите, Њукасл го купуваат Американци

Ништо од Арапите, Њукасл го купуваат Американци

Саудиските инвеститори на чело со Мохамед бин Салман, најверојатно нема да ја преземат сопственоста на премиерлигашот Њукасл.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако пред еден месец медиумите пренесоа дека Арапите ќе го купат Њукасл за 300 милиони евра, сепак тоа најверојатно нема да се случи.

Њукасл би можел да добие друг сопственик, а станува збор за Хенри Маурис, сопственик на ТВ-компанија од Америка наречена Clear TV, кој испрати понуда од 350 милиони евра.

Сепак, тој ја испрати понудата само под еден услов, а тоа е дека ќе му биде дозволено да го преземе клубот пред почетокот на следната сезона.

Сепак, ова не е единствената причина што клубот нема да заврши во рацете на Мохамед бин Салман. Имено, Саудијците се теретат дека имаат илегални ТВ канали и пиратски ја пренесуваат Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Meси не се прослави, доби пенал и го промаши голот! (Видео)

Аргентина ја испушти првата шанса за водство против Австрија во раната фаза од натпреварот…